КОНТАКТ

Адреса: Ул. Призренска бр. 50/2, Кучевачка Бара, Скопје.
ТЕЛ: 02/2666 113 и 02/ 2401 712
МОБ: 078/306 669 И 078/366 116

Епошта:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ПочетнаЗа Хотел ИдилаОпис на комплексот

Опис на комплексот

Хотел Идила-Терзиева е приватна установа за социјална заштита на стари лица, основана во 1998 година. Новиот објект е отворен во 2013 година и е лоциран на само 8 км од центарот на Скопје, во природно зелено опкружување и панорамски поглед кон градот, во кој корисниците можат да уживаат. Чистиот воздух и прекрасната градина, само ја надополнуваат оваа идила

 

 

 

Хотел Идила-Терзиева располага со 38 соби и 5 апартмани, сите се опремени со ТВ приемник и индивидуален тоалет со туш, СОС повикувач. Покрај современо опремените соби и апартмани, Хотел Идила-Терзиева располага и со заеднички простории распространети на приближно 200м2, вклучувајќи: комфорен дневен престој, трпезарија со зедничка чајна кујна и камин, и дополнителни заеднички простории за разни друштвени игри.

 

Нашиот комплекс е дизајниран имајќи ги Вашите потреби на ум.

Во склоп на главната зграда се наоѓаат и кујна, две канцеларии за сестри и негувателки и рецепција со приземен дел, каде посетителите ќе можат да разговараат со своите роднини и пријатели. Главната зграда е со површина од 1600 м2. Во склоп на комлексот, се наоѓа и дополнителна помала зграда, во која се сместени: перална, административни простории, фризерски салон, невладината организација Хуманост и простории за школа за лиценцирање на неговатли. 

 

 

 

 

Прекрасниoобјект во класичен стил се наподолнети со 5000м2 хортикултурно уреден двор. Овој простор е распределен на паркинг простор, градина со фонтана, клупи, цвеќе и зеленило, просторно шеталиште, овоштарник и друг објект каде што се сместени канцелариските простори.

Сето ова го прави Хотел Идила-Терзиева, еден посебен комплекс со иноватовен дух, и предиспозиции за совршен сместувачки капацитет за лица во златната доба.

Последен пат изменето на Сабота, 12 Јули 2014 05:32